| четврток, 6 декември 2018 |

Нова холивудска двојка – ќерката на Лени Кравиц со синот на Борис Бекер

Зое Кравиц и Ноа Бекер,  од неодамна се во љубовна врска. Двојката првпат е снимена на неодамна одржаниот музички фестивал Коачела, а повторно се видени во текот на прошетка во Њујорк, пред неколку дена, пишува списанието Стори.

Таткото на 25-годишната актерка, Лени Кравиц, беше кум на венчавката на мајката на Ноа, Барбара Феилтус, кога се мажеше за белгискиот уметник, Арние Куинзе.

Не е познато како ова семејно познанство прерасна во љубовна приказна, но пет години помладиот Ноа, син на познатиот поранешен тенисер Борис Бекер секако е првиот маж во животот на Зое, после пропаднатата последна врска, онаа со актерот од серијата „Озборувачка“, Пен Бадгли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top