| четврток, 6 декември 2018 |

Осомничениот го призна убиството – тврди дека е самоодбрана

Рубин Двојаков, адвокатот на осомничениот за убиството на Ангел Петковски, тврди дека ножот со кое беше извршено убиството бил на убиениот Ангел П.

Според Двојаков, осомничениот Насер Ештрефи го извршил убиство во самоодбрана откако претходно бил нападнал од Ангел и други лица со безбол палки. „Во текот на разговорот што го имав со Насер, ме информираше дека попладне отишол да украде велосипед, но тој негираше дека поседувал нож.

Ме информираше дека бил нападнат од од страна на жртвата и неговиот татко“, вели Двојаков во изјава за весникот на албански јазик „Коха“.

Тој понатаму тврди дека ножот со кој е извршено убиството му припаѓал на убиеното момче и дека при борбата со Насер, на Ангел му паднал ножот, а Насер го зел за да се одбрани од ударите на таткото и синот, во еден момент го прободел двапати Ангел во градите. Адвокатот како дел од доказите дека вистината за убиството наведува и дека Насер немал криминално досие како што тврди полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top