Министерството за внатрешни работи попладнево преку соопштение реагираше на денешната прес-конфренција на СДСМ која обвини дека во вчерашниот протест во Ѓорче Петров полицијата применила сила.
– СДСМ во ниту еден момент не се стави во одбрана на јавниот ред и мир и не го осуди вандалското однесување на поединци кои немаа намера мирно да протестираат. Напротив цел на нападот на партијата, повторно беа професионалните полициски службеници кои ги ризикуваат своите животи за да не дозволат одреден број хулигани да успеат во своите намери за одмазда и дестабилизирање на состојбата, се наведува во реакцијата.
МВР нагласува дека благодарение на соодветната полициска интервенција, биле спречени поголеми нарушувања на јавниот ред и мир и несакани ескалирања на состојбата, како и прелевање на инцидентите во соседните општини.
– Учесниците во неколку помали инциденти и каменувања на полициските службеници беа приведени. Станува збор за вкупно 35 лица, од кои голем дел и од општините Центар, Карпош и Аеродром. Против нив се поднесени пријави по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а за оние за кои ќе биде утврдена основа по целосно документирање на делата ќе
следуваат и кривични пријави. При преземањето на активностите вкупно девет полициски службеници (седум припадници на ЕБР и двајца на СВР Скопје) се пожалија на некакви повреди кои не се од посериозен карактер, а беа оштетени и осум службени возила, се вели во реакцијата.
МВР потсетува дека убиството е експресно расчистено и оти според информациите во медиумите, осомничениот признал дека го убил 18-годишниот Ангел Петковски.
Од полицијата уште еднаш апелираат политичките партии и граѓаните да останат воздржани и да дозволат надлежните органи непречено да ги завршат сите законски процедури околу докажување на одговорноста на осомничениот.
– Апелираме и медиумите сериозно и професионално да ги извршуваат своите задачи и им стоиме на располагање да ги проверуваат сите дезинформации пред да бидат објавени за да не ја доведуваат јавноста во заблуда, наведува МВР во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


