Тој истакна дека поради тоа што компаниите не плаќаат данок Авганистан е оштетен за околу 70,5 милиони долари.
Авганистанското Министерство за финансии тврди дека компаниите ги користат дипломатските канали и командата на НАТО во Авганистан да извршат притисок врз Владата во Кабул да не се покрене обвиненија против нив. Компаниите кои не ги плаќаат даноците се занимаваат со обезбедување, логистика, комуникации и медиуми. Ако компаниите продолжат да не плаќаат данок тие ќе бидат дадени на суд, а ќе им бидат и одземени лиценците за работа во Авганистан.
Полицаец уби колеги, полицајка американски воен советник
Авганистански полицаец вчера уби петмина свои колеги, а ова е последниот од серијата напади врз припадници врз авганистанските безбедносни сили или врз припадници на меѓународните сили. Инцидентот се случил на границата со Туркменистан, а се претпоставува дека полицаецот им се придружил на талибанците. Убиецот и неговите жртви беа припадници на Авганистанската локална полиција, која со поддршка на САД имаат задача да ги чуваат авганистанските села од напади од талибанските бунтовници.
Истовремено, и авганистанска полицајка застрелала американски воен советник во објектот на полициското седиште во Кабул, соопштија локалните власти. Ова е прв случај припадничка на авганистанските сили за безбедност да убие службеник на НАТО, јави Би-Би-Си. Напаѓачката е уапсена, а според првичните информации била поврзана со талибанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


