| четврток, 6 декември 2018 |

Бетмен Велит, Стоилов, Лешоски… – вие одредете кој е најкреативен

Од 10 до 20 декември на социјалните медиуми во Македонија ќе се одржува кампањата на „Микрософт Македонија“ за Windows 10 – „10 познати. 10 дена. Windows 10“, каде 10 популарни луѓе од различи професии ќе работат со новиот оперативен систем и своите иновативни и интересни коментари ќе ги објавуваат на друштвените мрежи.

Ракометарот Стојанче Стоилов, водителот Димитар Атанасовски, твитерашот Богдан Илиевски – Бетмен Велит, поетот Дарко Лешоски, возачот Игор Стефановски – Иџе, актерот Гораст Цветковски, водителката Снеже Велков, претставникот на фан-групата на „Микрософт Македонија“ Иво Гиевски, еден од најдобрите студенти на ФИНКИ Наталија Најдова и победникот на квизот од наградната игра на страницата на „Микрософт Македонија“ на „Фејсбук“ Стефан Маркоски – сите тие 10 дена преку своите профили на на интересен начин ќе треба да ни покажат кои се новитетите на опеативниот систем Windows 10.

DSC_2114

Објавите на учесниците за користењето на Windows 10 ќе бидат обединети на страницата на „Микрософт Македонија“ на „Фејсбук“, a на друштвените мрежи ќе можете да ги препознаете со хаштагот #најдобриотдосега (слоган извлечен од англискиот слоган за Windows 10 – The best one yet). Врз база на најиновативните споделувања, бројот на објави, лајкови и коментари, ќе се одбере најкреатвниот од нив, победник кој ќе добие интересна награда.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top