Првиот и најголемиот современ трговски во Македонија, „Скопје сити мол“ го слави својот 3 роденден. Скопје, но и цела Македонија пред три години добија ново обележје, кое стана симбол во регионот и движечка сила за промовирање на нови трендови, настани и иновативни кампањи. Сите ние имавме три години исполнети со милиони насмеани и задоволни посетители. Од 2 октомври епицентарот на сите важни случувања во нашата држава ќе биде „Скопје сити мол“ каде во симболика со годините се најавуваат три гламурозни кампањи кои нема да ги остават посетителите рамнодушни.
Првото и најголемото изненадување е маратонската наградна игра за престижниот JEEP Renegade, „Happy Jeep to You“. Имено, станува збор за голема наградна игра, која на некој наш посетител ќе му донесе среќа, покрај шопингот да си замине дома со најновиот модел на JEEP Renegade My2015 1.6. Наградната игра ќе започне на 02.10.2015, кога воедно започнуваат и роденденските денови, а ќе заврши на 31.12.2015.
Второто изненадување е „Маратонски шопинг“ кој ќе трае од 2 до 4 октомври, тридневен период кога сите посетители ќе можат да се отпуштат со драстично намалените цени во продавниците.
Третото изненадување е закажано за 3 октомври, сабота, за кога се најавени два настана, „Late Night Shopping“, вечерта кога сите продавници работат до 00.00 часот и концертот на ултрапопуларната музичка група во регионот, „S.A.R.S“. Тоа значи дека на 3 октомври, кога во Скопје се одржува 11. „Бела ноќ“, „Скопје сити мол“ ќе има големи попусти плус шопинг до полноќ, а сето тоа ќе се заокружи со бендот чии песни како „Lutka“, „Budjav“ и „Rakija“ станаа вистински хит на сите радија и на сите музички телевизии на Балканот. „S.A.R.S“ ќе настапат како дел настанот „Ем умеам, ем можам“ кој традиционално го организира Општина Карпош пред платото на „Сити мол“ со целодневна музичка програма, која започнува во 12.00 чaсот.
„Скопје Сити мол“ за овие три години преку повеќе кампањи, докажа дека е движечка сила за промовирање на нови трендови, инвентивни кампањи, настани кои не се забораваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.