| четврток, 6 декември 2018 |

Чиле ослабен пред почетокот на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Чиле остана без еден од своите најдобри фудбалери. Играчот на Фјорентина Матијаз Фернандез ќе оди на операција на скочниот зглоб и ќе мора да паузира и отсуствува од Светското првенство во Бразил.
Тој оваа повреда ја влече веќе два месеца и сега, кога состојбата се влошила, од клубот му наложиле дека мора да оди на операција за да биде подготвен за следната сезона во Италија.

– Оваа повреда ја влечам подолго време и многу ми е жал што не можам да им помогнам на моите соиграчи од репрезентацијата на светското првенство. Им посакувам сè најдобро – изјави Фернандез.

Фернандез е еден од клучните играчи за оваа јужноамериканска држава за која има одиграно 59 натпревари и има постигнато 14 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top