| четврток, 6 декември 2018 |

Дел Боске: Мадридското финале во ЛШ е најдоброто нешто за шпанскиот фудбал

Селекторот на европскиот и светскиот шампион Висенте дел Боске изјави дека пласманот на мадридските ривали Реал и Атлетико во финалето на Лигата на шампиони е најдобрата работа која можеше да му се случи на шпанскиот фудбал.

– Атлетико одигра одличен меч во Лондон против Челси, Реал исто така против Баерн. И покажаа на европа дека имаат одлични стилови на игра. Тешко е да се предвиди кој ќе го контролира натпреварот. Очекувам меч полн со страсти, ова е најдобрата работа која можеше да и се случи на Шпанија – изјави Дел Боске за „Канал Плус“.

Финалето на Лигата на шампиони помеѓу Реал и Атлетико ќе се одигра во сабота од 20:45 во Лисабон на стадионот на Бенфика.

Селекторот на Шпанија не е загрижен што репрезентативците на „црвената фурија“ од редовите на мадридските тимови ќе пристигнат уморни за припремите за Мундијалот во Бразил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top