| четврток, 6 декември 2018 |

Расел Кроу и Кетрин Зета-Џонс ќе пеат на доделувањето на „Оскарите“

20443536.jpg-r_640_600-b_1_D6D6D6-f_jpg-q_x-xxyxx

На годинешното доделување на филмските награди „Оскар“, оскаровците Расел Кроу, Џенифер Хадсон и Кетрин Зета-Џонс ќе настапат на свечената церемонија, во чест на оживувањето на мјузиклот на големото платно.

Настапот на кој исто така ќе пеат и Ен Хатавеј и Хју Џекмен кои играат во филмскиот мјузикл „Клетници“, е дел од неколку музички изведби на 85-то издание на доделување на престижните филмски награди кое ќе се одржи в недела.

-Почестени сме што може да собереме толку талентирани луѓе кои ќе настапат во чест на мјузиклот, соопштуваат продуцентите на „Оскар“, Нил Мерон и Крег Закан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top