По повод Меѓународниот ден на културната разноликост на ОН и УНЕСКО, Друштвото на писателите на Македонија донесе декларација во која се вели дека „културните политики и стратегии треба да водат кон афирмација на спецификите на различните ентитети кои го градат големиот мозаик на вредности како цивилизациска придобивка на современиот свет.“
Натаму во декларацијата на ДПМ се истакнува: „Културната разноликост е богатство на светот и таа секогаш може и треба да биде повод и стимул за интеркултурен дијалог и соработка на народите од сите меридијани. Уважувањето на особеностите на културите и јазиците, кои се стожерни елементи на идентитетот на различните народи, писателите го истакнуваат како основа за генерирање на новите идеи и вредности преку пишаниот збор. Мисијата на литературата и културата во меѓународните релации е значајна во истакнувањето на спецификите но и за неутрализирање на можните негативни последици од процесот на глобализација на светот. Ова сознание треба да се има во превид во градењето и практикувањето на стратегијата за афирмација на македонските културни вредности надвор од земјата“, се вели во декларацијата на Друштвото на писателите на Македонија по повод Меѓународниот ден на културната разноликост на ОН и УНЕСКО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија