Холивудкскиот актер Мајкл Џејс самиот се пријавил во полицијата во Лос Анџелес, тврдејќи дека ја застрелал неговата сопруга.
Безживотното тело на Ејприл Џејс било пронајдено во нивниот семеен дом во Лос Анџелес, а полицијата го провела 49-годишниот Џејс под обвинение за убиство на сопругата Ејприл.
Во куќата е пронајден и пиштол, за кој се претпоставува дека е оружјето со кое е извршено убиството.
Полицијата информира дека во тек е истрага со цел да се утврдат мотивите за убиството.
Џејс е актер кој се појавил во многу епизодни улоги, а популарен стана по улогата на полицискиот офицер Џулијан Лоу во научно-фантастичната драма „Штитот“. Покрај ова има настапувано и во филмовите, „Форест Гамп“ и „Тајсон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка