| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на Јоксимовиќ заробена во Ваљево

Иако водата во Ваљево се повлекува, сѐ уште постои опасност од лизгање на земјиштето , од кои се плаши и Весна , мајката на музичарот Жељко Јоксимовиќ, која со денови е заробена сама во семејниот дом во западна Србија. За среќа, бидејќи е на рид, нивната куќа не страдаше во тешките поплави, но сега се заканува нова неволја.

vesna joksimovic majka

Весна Јоксимовиќ

– Денот кога сето ова се случи беше ужасно. Кога гледате како водата надоаѓа, се губите од реалноста, тоа беше навистина морничаво, толку страшно да помислите дека сите на филм. Не можам со зборови да ви опишам. Мојот сопруг Бранислав, ноќта пред сето ова, отиде во Белград, а јас останав да ги засадам цвеќињата и да ја средам куќата, затоа што тоа секогаш го правиме во овој период од годината, а потоа се случи катастрофата – изјавила мајката на Жељко за српски „Ало“.

Таа вели сѐ уште е потресена и вознемирена.

– Психички ми беше навистина тешко во тој момент, но мислев, барем тие во Белград нека бидат добро, јас ќе помианм лесно. Надвор тие денови беше навистина страшно, а вие не можете да направите ништо, освен да се молите, во темница, бидејќи во неколку наврати струјата се гаснеше. Стоев со часови на прозорецот и се молев. Фала му на Бога не поминавме полошо од ова – вели Весна, која сѐ уште е сама во Ваљево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top