„Мајкрософт Македонија“ и Центарот за иновации денеска и утре во Скопје организираат презентација на програма која треба да им помогне на младите да се здобијат со ИКТ вештини и да изградат кариера и отворат нов (start up) бизнис.
На конференцијата ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и министерот за економија Ваљон Сарачини.
Најавено е присуство на експерти и претставници на „Мајкрософт“, на генералниот директор на „Мајкрософт Македонија“, Стефан Плавјански, како и Влора Адеми, менаџер за академски програми на „Мајкрософт Македонија“ и Косово.
Се очекува да присуствуваат 120 најдобри студенти од сите приватни и државни универзитети во државата и млади невработени луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.