Лизагањето на земјиштето каде што имало мински полиња и ширењето заразни болести се двете најголеми закани за Босна и Херцеговина во моментот.Подрачјата на Шамац и Орашја во моментот се во најлоша ситуација по катастрофалните поплави во регионот. Во текот на вчерашниот ден активирани се околу 20 нови лизгања на земјишта што ја успорува доставата на хуманитарна помош.
Надлежните предупредуваат дека војната зад себе оставила околу сто илјади мини, а голем дел од нив се зафатени со поплавите кои ги изместиле од обележаните локации. Најголема опасност е во Босанска Посавина, Тузланскиот и Унско-санскиот кантон како и подрачјата околу Добој, Маглај и Олова.Семејство од Приједор било вчудоневидено кога во дворот од семејната куќа водата им донела фрижидер полн со бомби.
– Имаме мини кои се од чиста пластика, значи пловат по водата. Имаме мини железни тешки по 2-3 килограми и тие исто така можат да се поместуваат, вели пиротехничарот Фикрет Смајиќ.
Закана за Босанците се и заразите. Од болницата во Тузла предупредуваат на ширење на цревни заболувања, жолтица и шуга. Голема опасност се и угинатите животни. Во близина на Босански Шамац на една фарма пронајдени се повеќе од 400 угинати крави. Некој не знае каде ќе се пренесат тие лешеви, а во близина не постои место за спалување, па БиХ планира да бара помош од Хрватска и Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.