
„СДСМ продолжува со нивните манипулации по однос на нивниот неуспешен обид меѓу двата круга да ја изманипулираат јавноста и да извлечат поповолен изборен резултат, што беше препознаено од народот и изостана очекуваната реакција од страна на СДСМ“.
Ова се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, откако Петре Шилегов во вторник рече дека СДСМ до Јавното обвинителство доставило вешто мислење за аудио снимката на која Никола Груевски наводно договарал скандалозна продажба на Македонска банка.
„Зоран Заев, човекот кој беше осомничен за криминал тежок 8 милиони евра и поради што се согласи Бранко Црвенковски да го аболира и спаси од законска казна, за оваа клевета веќе е даден на суд од страна на Никола Груевски. Секој нареден негов обид е само продолжување со обидите за манипулации на граѓаните, за што ќе одговара пред суд. Зоран Заев и СДСМ овие чекори ги влечат во ситуација на безидејност како да конкурираат на политичката сцена наспроти ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски”, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


