Агентот на фудбалерот на Манчестер Сити Јаја Туре, рече дека неговиот клиент би можел да го напушти тимот во летниот преоден рок, бидејќи не го ценеле доволно, односно никој не му честитал роденден. Неговиот агент додаде дека Туре е незадоволен поради тоа што за неговиот 31. роденден е закажана прослава на шампионската титула во Абу Даби и никој не му посветил внимание.
– Постои голема веројатност Јаја да го напушти Сити ова лето. Она што се случи на неговиот роденден е доказ дека клубот не го почитува. Кога на вашиот најдобар работник му е роденден, не е лошо да му честитате како би му покажале дека го цените – изјави Селук и додаде.
– Во нормален тим, неговите соиграчи би му честитале роденден. Јаја е многу вознемирен поради тоа и размислува да си замине. Ќе си замине ако продолжат ваквите работи. Верувајте, не се работи за договор или пари. Има се што му е потребно. На Јаја му се најбитни човечките односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Хет – трик на Агуеро за нова победа на Манчестер Сити (видео)
-
Гвардиола: Сити фаворит за титулата во Лигата на шампионите, не знаев дека Меси игра за нас