Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти и документираше вчерашното убиство на 18-годишниот Ангел Петковски од Скопје. До надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава за 19-годишно лице од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело убиство.
Според досега документираните сознанија, на кривично-правниот настан претходел обид за кражба на велосипед, што ја извршил пријавениот во дворот на оштетениот малку по 17.00 часот, но бил забележан од страна на жртвата и неговиот татко. Откако не успеал во извршувањето на кривичното дело, осомничениот почнал да бега, а сега починатиот Ангел и неговиот татко со патничко моторно возило „пежо“, тргнале по него. Кога стигнале на ул. „Ѓорче Петров“, поточно на паркинг-просторот пред Европска очна болница, го паркирале возилото и се упатиле кон пешачката патека, покрај течението на Вардар. Пред пешачкиот мост, кој води до село Сарај го забележале осомничениот, по што почнала вербална расправија, која прераснала во тепачка, при што осомничениот со остар предмет, најверојатно нож, го прободел Ангел во пределот на десната страна на градниот кош. Осомничениот се дал во бегство, а таткото го однел синот кон очната болница со цел да му се укажат помош. Вработените во болницата повикале екипа на Итната медицинска помош, но Ангел им подлегнал на повредите, а од страна на лекар е констатирана смртта.
Настанот, првично е телефонски пријавен од очевидец, кој ги забележал трите лица. Веднаш по добивањето на пријавата е излезено на самото место и е почната потрагата по осомничениот. Тој е пронајден во непосредна близина на болницата и е лишен од слобода.
На местото на настанот излегол јавен обвинител, кој го раководел увидот и по негова наредба телото на починатиот е пренесено на Институт за судска медицина и криминалистика за обдукција. Увидот е извршен од страна на полициски службеници на СВР Скопје, при што од местото на настанот се подигнати и дадени за вештачење траги слични на крв, а од дворното место на куќата, лоцирана на ул. „Хераклеја“, подигнат е и велосипедот. Од осомничениот се земени брисеви од двете дланки, маица, фармерки и патики.
По извршеното кривично дело во непосредна близина на самото местото, како и на повеќе локации низ општина Ѓорче Петров се собраа поголема група граѓани, кои го искажуваа своето незадоволство. Дел од нив, во текот на вечерта, почнаа со нарушувања на јавниот ред и мир и оштетија повеќе возила и објекти. Со полициска интервенција беа приведени вкупно 18 лица од кои пет малолетни. По извршени косултации со јавен обвинител ним им се издадени платни налози за сторени прекршоци, а СВР Скопје продолжува со преземање интензивни мерки и активности во насока на идентификување лица и прибирање материјални докази со цел откривање на противправни дејства и докажување на кривично дело по член 385 „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ од КЗ на РМ.
МВР продолжува да ја следи состојбата и да ги презема сите неопходни мерки во рамки на законските овластувања. Апелираме граѓаните да не подлегнуваат на провокации и да не се инволвираат во нарушувања на јавниот ред и мир или други инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка