| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Владата создава илузии за слободни и фер избори

Опозиционата СДСМ денеска оцени дека Владата создава илузија оти има легитимитет и упорно избегнува да се соочи со волјата на граѓаните на слободни и фер парламентарни избори

sdsm
Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ на прес-конференција, преку паралела на политичките кризи во Македонија и Бугарија, наведе дека во државава ситуацијата е посериозна, а проблемите на граѓаните уште поголеми.

Во Бугарија, посочи, Владата си поднесе оставка за покачување на струјата од 14  проценти, а во Македонија од доаѓањето на актуелната власт цената на струјата, на барање на ЕЛЕМ пораснала за 82  проценти, а цената на МЕПСО за дури 180  проценти и е укината и дневната евтина тарифа.

Според Јовановски, наспроти оставката на Борисов меѓу останатото и за судирот на полицијата со демонстрантите, во Македонија од Собранието насилно биле исфрлени новинари и опозициски пратеници.

Порача дека формата на нивното политичко дејствување и пружање отпор е единствениот начин државата да излезе од длабоката политичка криза во која се наоѓа и да се придвижи во вистинска насока. Примарната цел на нивното движење било граѓаните да не учествуваат на локалните избори и со тоа да покажат дека власта нема легитимитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top