Одмазда е можната причина за ликвидацијата на бизнисменот Димитарчо Јовановски од Штип, која се случи во скопската населба Аеродром. Засега не се знае дали истражните органи проверуваат дали станува збор за одмазда поради некакви бизнис-зделки што ги имал Јовановски или во прашање биле лични работи.
Како што пишува Дневник, 52-годишниот Јовановски, најверојатно, добро го познавал човекот што седумпати пукал кон него, а уште додека бил свесен, рекол „не требаше да заврши вака“. Некои велат дека заглавил поради продажбата на оружје, а други, пак, дека во прашање е нешто сосема друго надвор од бизнисот и дека не станува збор за должничко-доверителски односи. Некои, пак, одат дотаму што велат дека бил жртва на платено убиство. Сепак, не само што не е познат убиецот туку и мотивот за убиството е мистерија.
„Дневник“ пишува дека, најверојатно, убиецот ја чекал жртвата пред влезот, убиецот ладнокрвно му испукал три куршуми во стомакот. Јовановски не починал веднаш. Иако повреден, тој успеал да притисне на домофонот и да побара помош од соседите. Сѐ уште бил жив и контактибилен кога бил однесен во болница, но утрото околу 5 часот, за жал, им подлегнал на повредите.
– Во тек се неколку истражни дејства за утврдување на идентитетот на убиецот, но и за утврдување на мотивите на убиството кои во интерес на истрагата не можеме да ги откриеме – вели Иво Kотевски, помошник-министер за односи со јавноста во МВР.
Детали за истрагата не се откриваат, но првичните информации велат дека станува збор за класична егзекуција.
Убиениот немал криминално досие. Полицијата истражува дали бизнисменот имал нерасчистени бизнис-зделки со луѓето со кој соработувал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка