Метју Меконахи важи за еден од најотпуштените холивудски актери, а во негово друштво очигледно и Бред Пит станува поинтересен.
Ова деновиве се докажа во Њу Орлеанс, каде што снимаат двајцата глумци. Сосема вообичаено, Бред го поздрави Метју од неговиот балкон и по краток разговор, во еден момент Бред исчезна од балконот и набрзо се враќа со лименка пиво што му ја дофрла на Метју.
И можеби сето тоа ќе немаше никакво значење доколку не било забележано од камера. Краткото видео од средбата на Бред и Метју е објавено на интернет и веднаш стана хит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.