| четврток, 6 декември 2018 |

Блокиран влезот во Скопје кај Ѓорче Петров

По синоќешните немири кои настанаа поради убиството на деветнаесетгодишното момче, сообраќајот кон општината Ѓорче Петров и натаму е во застој. Влезот од Тетово во Скопје кај Ѓорче Петров е блокиран и сообрајаќот е пренасочен кон обиколницата.

Советот и градоначалникот на општина Ѓорче Петров изразија жалење за убиеното момче во близина на Европската очна клиника, но и загриженост за подигнатите тензии.

– Советот и градоначалникот на општина Ѓорче Петров ја разгледаа безбедносната состојба во општината настаната по извршеното убиство на жител на општина Ѓорче Петров, при што изразија жалење за загубениот млад живот, но и загриженост за подигнатите тензии. Од Општината апелираат до граѓаните да се воздржаат од какви било активности спротивни на закон и да делуваат врз какви било изливи на насилство – се вели во писменото соопштение до медиумите.

Ангел П. роден 1995 година вчера околу 17.15 часот е убиен во близина на Европската очна клиника во Ѓорче Петров.

Како што информира МВР, убиството е веќе расчитено, а убиецот Насер Е. е приведен.

Инцидентот се случил откако Насер Е. влегол во куќата на убиениот Ангел и одзел велосипед. Тоа го забележале Ангел и татко му поради што Насер Е. почнал да бега. Потоа Анегел и татко му со возило почнале да го бркаат, а кога се доближиле кај насипот на Вардар, продолжиле да го бркаат пешки. Ангел прв го стигнал, при што дошло до физички контакт меѓу нив, во кој бил смртно повреден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top