| четврток, 6 декември 2018 |

Пи­ле со оре­ви

full_left_column_Juicy_Chilli_Chicken_with_cashew_nuts_02

Пе­че­но пи­ле со сол, пи­ле пол­не­то со су­ви сли­ви, пи­ле­шко со мед… Пи­ле­то мо­же да го пе­че­те на по­ве­ќе на­чи­ни и, се­ка­ко, да му се нас­ла­ду­ва­те. Овој пат ви го пред­ла­га­ме со оре­ви – храна за вистинско уживање. Ка­ко гар­нир, мо­же да го пос­лу­жи­те со ком­пир-са­ла­та или пе­кар­ски ком­пир или, пак, со гра­шок.

Со­стој­ки:

1 пи­ле

Сол, црн пи­пер

Маг­до­нос

1 дл во­да

500 гра­ма ис­чи­сте­ни оре­ви

40 гра­ма пу­тер

20 гра­ма браш­но

50 гра­ма исеч­кан лук

Под­го­то­вка:

Ис­чи­сте­но­то пи­ле се по­со­лу­ва, се по­си­пу­ва со црн пи­пер, се ста­ва во стак­лен, ог­но­от­по­рен сад, се на­ле­ва со во­да, се по­кри­ва и се пе­че 50 ми­ну­ти во рер­на.

Пе­че­но­то пи­ле се се­че на осум пар­чи­ња и се ре­ди во стак­ле­на ог­но­от­пор­на чи­ни­ја.

Пу­те­рот и браш­но­то се пр­жат и се до­да­ва­ат ме­ле­ни­те оре­ви, исеч­ка­ни­от лук и со­кот од пе­че­но­то пи­ле.

Та­ка при­го­тве­ни­от сос до­бро се из­ва­ру­ва и се пре­ле­ва врз пар­чи­ња­та пе­че­но пи­ле. Ја­де­ње­то се ста­ва уште пет до 10 ми­ну­ти во рер­на и се слу­жи топ­ло.

Се сер­ви­ра со ком­пир-са­ла­та или со гра­шок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top