| четврток, 6 декември 2018 |

Победете го целулитот со супа од магдонос

Магдоносот е одличен диуретик кој поради минералите кои ги содржи – ги чисти бубрезите, помага во исфрлањето на песокот, ја прочистува кожата и го отстранува целулитот.

Потребни состојки:

2 китки свеж магдонос

2 лажици брашно

Сол, црн пипер по вкус

3 парчиња двопек

Постапка:

На масло пропржете го брашното додека да зарумени, па во него додадете 5 шолји вода, посолете и запиперете, па оставете да проврие.

Потоа додадете го исечканиот магдонос и оставете да врие уште околу половина час на умерена температура.

Пред да ја тргнете супата од оган, додадете го издробениот двопек кој претходно сте го пропржиле на масло. На крај малку закиселете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top