Полицијата го реши убиството кое пред три часа се случи кај очната болница „Свети Лазар“ во скопската населба Ѓорче Петров.
Полициски извори за „Република“ велат дека првично осомничениот Насер Е. е приведен во полициска станица и убиството е расчистено.
Според нашите извори, денеска, околу 17.15 часот, приведениот влегол во дворот на семејната куќа на сега починатиот Ангел П. и украл велосипед. Тој бил забележан од страна на Ангел и неговиот татко Сашо, по што Насер се дал во бегство.
Таткото и синот со нивното возило започнале да го бркаат, до очната болница, каде Ангел го стигнал крадецот и дошло до физички контакт помеѓу нив, при што најверојатно бил прободен во срцето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


