Скопското кафуле „Штала“ денеска организира хуманитарна афтерворк забава за помош на загрозените семејства во Србија и во Босна и Херцеговина.
На слободна сцена со наместени инструменти се повикуваат сите кои сакаат да настапат. Забавата веќе трае неколку часа, а досега на сцената се качија Бени и „Нон-стоп“, „План Г“, „SOUTH PARK“, Јован и Ташко, диџеите Миле, Никифор, Илина и Баџо.
Во соработка и договор со Амбасада на Република Србија, сите собрани средства, ќе бидат наменети за загрозените во Србија и БиХ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


