| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на загинатото момче – фатен еден од напаѓачите

Познат е идентитетот на момчето кое пред неколку часа немилосрдно беше убиено на улицата кај очната болница „Свети Лазар“ во скопската населба Ѓорче Петров. Според неофицијалните податоци на „Република“ се работи за деветнаесетгодишниот Ангел П. од Скопје, кој пред само два дена ја прославил својата матура.

Наводно, распаравата помеѓу Ангел П. и тројцата напаѓачи, која започнала околу неговиот украден велосипед, завршила со два убоди во срцето на починатиот.

Според „Нова Македонија“, полицијата веќе пронашла еден од учесниците во злосторството, но полицијата засега сѐ уште врши увид на местото.

Улицата е блокирана. На местото масовно пристигнуваат луѓе, пријатели, соседи, соученици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top