| четврток, 6 декември 2018 |

Со автомобил сакал да ја пробие полициската блокада – продолжува драмата во Ѓорче Петров

Скопската населба во моментов

Полицијата спречи уште еден инцидент во населбата Ѓорче Петров. Предмалку, според очевидците, маж кој доаѓал од правецот на Сарај, со автомобил насилно се обидел да ја пробие полициската блокада. Полициските службеници го спречиле овој обид.

Улицата кај очната клиника „Свети Лазар“ во Ѓорче Петров веќе два часа е блокирана. На местото се наоѓаат голем број на граѓани, полициски службеници и специјалци. На тоа место денеска беше убиено деветнаесетгодишно момче, матурант од Скопје кој, според очевидците, тргнал да го бара украдениот велосипед, бил пречекан од тројца напаѓачи, кои крвнички го усмртиле со секири.

Полицијата сѐ уште врши увид и до овој момент за медиумите не е потврден идентитетот на момчето.

Од МВР за „Република“ само потврдуваат дека се работи за момче родено 1995 година, кое било претепано со засега непознати предмети.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top