| четврток, 6 декември 2018 |

Загрижувачки се шири грипот меѓу учениците

Расте бројот на заболени од грип кај учениците и кај постарите, информираат од институтот за јавно здравје. Според нивните последните бројки, оваа недела има 200 случаи повеќе во однос на минатата недела, со што во моментот вкупно се регистрирани 2.630 болни. Во истиот период лани имало нешто повеќе од 2.400.

– Од вкупниот број заболени најмногу се во Скопје, Тетово, Струмица, Гостивар, а во другите градови во помал број, но речиси секаде ги има, скоро во цела република. Од возрасните групи најголем број заболени има во возрасната година од 15 до 64 години, меѓутоа, таа е голема возрасна група. Загрижува тоа што веќе имаме значително зголемување кај школската популација, а исто така имаме заболување и кај возрасната популација, изјави доктор Благоја Алексоски од Институтот за јавно здравје.

Алексоски предупреди дека сезонскиот грип ќе трае и во следните недели поради што се очекува зголемен број болни.

– Се покажува дека оваа сезона ќе трае се уште и дека зголемувањето на заболените од грип ќе продолжи и во текот на наредните недели со тоа што се очекува дека и во тек на месец март ќе имаме зголемен број заболени од грип, вели Алексоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top