Во местата каде што денешното сонце исуши дел од надојдената вода, се работи на санирање на штетите и превенција во случај на нов наплив на дождови.
Канта по канта, овој човек ја празни шахтата од тиња и од кал во Баина Башта, гратче 160 км југоисточно од Белград, Србија.
Србија е погодена од масивна катастрофа, една од најсуровите поплави во пишаната историја на Европа. Досега, повеќе од 20.000 луѓе се евакуирани од своите преплавени домови.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.