Луѓе се евакуираат од нивните домови во Босански Шамац и со багер.
Времето во градот, кој се наоѓа во северниот дел на Босна и Херцеговина, на 250 км од Сараево, денеска е сончево, но експертите предупредуваат дека кризата сѐ уште не е помината.
По тешките поплави и лизгањето на земјиштето постои уште една потенцијално смртоносна сила – ширење на нагазните мини. Заеднички тим работи на лоцирање на стотиците илјади мини од пред 20 години за време на војните во поранешна Југославија, кои по поплавите излегоа на површина.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.