“Имам договор со Атлетико за уште три години, така да тоа е мојата најдобра опција”.
“Како тим имаме јасна цел да се квалификуваме за Лигата на Шампионите. Ако го задржиме сегашното ниво, ќе ги исполниме нашите цели”.
“Не размислуваме ни за Реал ни за Барселона, фокусирани сме на тоа ни што можеме да направиме и на нашите цели”.
Фалкао потоа додаде дека не чувствува потреба да си замине и дека веќе се наоѓа во еден од најголемите клубови во Шпанија.
“Дојдов во еден од најголемите клубови во Шпанија, во многу важна лига која е на повисоко фудбалско ниво од претходно каде што сум бил”.
“Ми беше дозволено да се развијам како фудбалер, да станам светски познат. Доаѓањето во овој клуб беше многу позитивна работа”.
Извор: klizac.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.