И покрај тешката финансиска ситуација и кризата во која се наоѓа фабриката „Тигар“ во Пирот, Србија, до овој момент донираа 13.700 пара чизми на кризните подрачја.
Вработените во централниот магазин во последните 48 часа работат без прекин за да ги обезбедат со гумени чизми спасителите во деловите што се погодени од поплавите.
Директорот на логистика во „Тигар“, Влада Поп Крстиќ, за „Танјуг“ изјави дека од воведувањето вонредна состојба во четвртокот, вработените во овој магацин работат без прекин, а камионите за достава извозеле повеќе од 2.500 километри.
– Не чувствуваме умор, се трудиме чизмите што поскоро да стигнат до најзагрозените, така што не ни е тешко – вели заменик-шефот на магацин, Раде Коциќ.
„Тигар“ денес ги дал на располагање на државата и своите регионални магацини во Темерин и во Шимановци, како и централниот магацин во Пирот, за во нив да се складира хуманитарната помош која постојано пристигнува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


