Ретромодел во црна боја
„Осклен“ понуди ретромодел во црна боја. Со овој модел се неизбежни марама и широки очила за сонце како детали.
Класична боја
Во овие модели на костими за капење, единствено бојата е класична. Обликот е несекојдневен, а идејата со ленти да се обликува костимот за капење успешно е спроведена на дело.

Сината е актуелна и оваа сезона
Сината боја, која беше актуелна минатото лето, е атрактивна и оваа сезона. Линиите ќе останат еден од дезените, а за ова лето може да одберете сина која во комбинација со црна ќе изгледа многу елегантно.
Експлозија на бои
Модната куќа „Салинас“ претстави вистинска експлозија на бои. Палмите и океанот не мора да бидат само во ваша близина, може да завршат и како мотив на вашиот костим за капење.
Од „Салинас“ доаѓа уште еден шарен модел – спортски костим за капење во пастелни тонови. Во овој модел може да уживате во разни спортски активности, како одбојка на песок, на пример.

Едноделни костими за капење
Ако сакате да изгледате оригинално во едноделен костим за капење, тогаш одберете комбинација на линии во жолти и портокалови тонови, заедно со ешарпа со истиот дезен и колорит. Шаренилото на костимите за капење е искомбинирано со шарени сандали и, секако, шик очила за сонце. Летото доаѓа, така што шарените бои, едноставно, мора да доминираат.
(Пишува: Александра М. Бундалевска
Текст објавен во 88. број на неделникот „Република“, 9.05.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







