| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен ден на мајката

Националниот совет за родова рамноправност го одбележува Меѓународниот ден на мајката, кој е посветен на поврзаноста меѓу мајките и децата.

Праксата на овој ден е децата да ги израдуваат и изненадат своите мајки со скромни подароци, споделување на домашните обврски и заедничко дружење како израз на почит и меѓусебна доверба.

Денот на мајката ќе се одбележи во трговскиот центар Капитол во Аеродром, а по повод Денот, Националниот совет за родова рамноправност објави конкурс за ликовни и литературни дела на тема „Најдобата мајка“ и ги повика децата од градинките и учениците од основните училишта да се пријават на конкурсот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top