Конечно претежно сончево време е пред нас. Вториот ден од викендот ќе помине во знакот на потопло и посончево време. Сепак мало и локално наоблачување се очекува попладне, пред се во северозападниот дел од земјава. Истото може да донесе сосема краткотраен локален дожд, пишува Метеопро.
Минималната температура во поголем дел од Македонија ќе се спушти до вредност околу 9°С.
Максимална температура околу 19°С се очекува во котлините во западниот регион, и околу 21°С во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимални 25°С.
Во Скопје се очекува претежно сончево време. Мало зголемување на облачноста ќе има попладне, без дожд, но со сосема мала веројатност некаде на кратко да пророси. Минималната температура ќе има вредност околу 9°С. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност околу 22°С. Ќе дува слаб југозападен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.