Во Рим на турнирот од Мастерс серијата за титулата ќе играат старите ривали Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, а гледачите во вечниот град ќе присуствуваат на нов тениски спектакл. Нивниот ривалитет е еден од најголемите во историјата на спортот, а ќе играат меѓусебе по 41. пат, најмногу од сите активни тенисери.
Надал има подобар биланс и води со 22-18, а вечерва со убедлива победа од 6-2, 6-2 против Григор Димитров се избори за ново финале во Рим.
Ѓоковиќ се надева на третата титула во вечниот град, посакува продолжување на традицијата во финалните мечеви со Надал, бидејќи има подобар скор од 11-9, а до нова шанса за трофеј стаса по победата во полуфиналето над Милош Раониќ со 6-7, 7-6, 6-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


