Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на турнирот од Мастерс серијата во Рим по победата над Милош Раониќ со 2-1 во сетови. Популарниот Ноле се намачи, на двапати играше и тај-брејк со корпулентниот канадски тенисер со балкански корени, но се извлече и победи со 6-7, 7-6, 6-3.
Утре Новак ќе игра за третата титула во вечниот град, а противник ќе му биде подобриот од второто полуфинале меѓу Надал и Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


