| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров доби роденденска торта в лице (видео)

Григор Димитров наполни 23 години, а организаторите на турнирот во Рим му подарија роденденска торта која на крајот заврши во лицето на бугарскиот тенисер. Димитров не беше изненаден, ниту пак се налути, туку со насмевка го проследи потегот на ќовекот што требаше да му ја предаде тортата.

Еден од најталентираните тенисери на планетата денеска од 20 часот ќе игра во второто полуфинале на турнирот од Мастерс серијата во вечниот град, а противник ќе му биде Рафаел Надал. Во првото полуфинале Новак Ѓоковиќ ќе игра со Милош Раониќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top