| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија испраќа помош за Србија и за БиХ

помос

Чамци, кебиња, лекови, 45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати  и медицински персонал испраќа македонската влада по страшното невреме кое нанесе огромни материјални штети во Србија и Босна и Херцеговина. Од Дирекцијата за заштита и спасување денеска ја подготвија потребната помош која ќе биде испратена во најкритичните делови во овие две земји.

– Согласно одлуката на Владата на Република Македонија направена е активност за помош на загрозените подрачја со поплавите во Србија и Босна. Во помошта учествуваа Дирекцијата за заштита и спасување со свои материјално-технички средства и опрема, Министерството за внатрешни работи со еден специјализиран тим за спасување на и под вода и Министерството за одбрана со пет чамци, пет агрегати за струја и дополнително опрема, вклучувајќи и 3.000 кебиња кои се наменети за Босна и Херцеговина – истакна Љупчо Петровски од ДЗС

Како што информираше Петровски, испратени се и лекарства обезбедени од Министерството за здравство преку Бирото за стоковни резерви.

-Се надеваме дека на овој начин Македонија ќе придонесе за што побезболно Србија и Босна да излезат од овие неприлики кои ги зафатија нивните држави во последните неколку дена – додаде Петровски.

Петровски посочи дека Дирекцијата за заштита и спасување испраќа 30 припадници од своите тимови за брз одговор за спасување од поплави, Министерството за внатрешни работи испраќа 15 припадници од специјалираната единица за спасување на вода и под вода и Министерството за одбрана ќе ипрати 15 припадници кои ќе бидат задолжени за опслужување со техничките средства за заштита од поплавите во Босна и Херцеговина и Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top