| четврток, 6 декември 2018 |

Лекари го освоија парламентот

Сле­деј­ќи ги ли­сти­те на кан­ди­да­ти­те и из­бор­ни­те ре­зул­та­ти, го­ди­на­ва во ма­ке­дон­ско­то со­бра­ние од ли­ста­та на ВМРО-ДПМНЕ би тре­ба­ло да вле­зат око­лу 23 пра­те­нич­ки, од СДСМ 12, од ДУИ шест , а од ДПА ед­на пра­те­нич­ка

Ме­ди­цин­ски­те ли­ца го осво­и­ја пар­ла­мен­тот. Нај­мал­ку 13 ле­ка­ри вле­гу­ва­ат ка­ко пра­те­ни­ци во Со­бра­ни­е­то, ка­ко на­род­ни из­бра­ни­ци од ли­ста­та на ВМРО-ДПМНЕ. Двај­ца ле­ка­ри од ли­ста­та на СДСМ до­би­ја пра­те­нич­ко ме­сто, но сѐ уште не се знае да­ли тие ќе го при­фа­тат пра­те­нич­ко­то ме­сто или не.

Од ВМРО-ДПМНЕ во пр­ва­та из­бор­на еди­ни­ца си­гур­но вле­гу­ва­ат ре­но­ми­ра­ни­те ле­ка­ри Ас­па­зи­ја Со­фи­ја­но­ва и Ан­дон Чи­би­шев. И во тре­та­та двај­ца ле­ка­ри од ор­ди­на­ци­ја пре­ми­ну­ва­ат во со­бра­ни­ска­та згра­да. Се ра­бо­ти за Зо­ран Ѓор­ги­ев­ски и за Але­ксан­дар Стој­ков­ски. Од тие што вле­гу­ва­ат во Со­бра­ние од тре­та­та из­бор­на еди­ни­ца, нај­ве­ро­јат­но, ќе вле­зе ед­на ле­кар­ка, Мил­ка Хри­сто­ва. Таа се нај­де на 15. ме­сто на оваа ли­ста, од ка­де што вле­гу­ва­ат 13 пра­те­ни­ка. Но го­ле­ма е ве­ро­јат­но­ста двај­ца од оваа из­бор­на еди­ни­ца, во ко­ја но­си­тел бе­ше Ни­ко­ла То­до­ров, да до­би­јат ми­ни­стер­ска или за­ме­ник-ми­ни­стер­ска функ­ци­ја, со што Хри­сто­ва ќе обез­бе­ди ме­сто во Со­бра­ни­е­то.

Во из­бор­на­та еди­ни­ца че­ти­ри ед­на ле­кар­ка ќе до­бие но­ва про­фе­си­ја – пра­те­ник. Се ра­бо­ти за Вес­на Пе­мо­ва, ко­ја бе­ше на де­вет­та­та по­зи­ци­ја во оваа из­бор­на еди­ни­ца. Го­ле­ма е ве­ро­јат­но­ста од ли­ста­та во оваа ИЕ, во ко­ја но­си­тел бе­ше Зо­ран Ста­вре­ски, пра­те­ник да ста­не и ле­кар­ка­та од Не­го­ти­но, Бла­го­род­на Бо­ја­џи­е­ва, ко­ја на из­бо­ри­те бе­ше 13. на оваа ли­ста.

Ки­не­зи­о­лог вле­зе во Со­бра­ни­е­то

Че­до­мир Саз­дов­ски е пр­ви­от пра­те­ник од но­во­фор­ми­ра­на­та ГРОМ што вле­гу­ва во Со­бра­ни­е­то. Иа­ко по­стои са­мо не­кол­ку ме­се­ци, пар­ти­ја­та на Стев­че Ја­ки­мов­ски ус­пеа да до­бие пра­те­нич­ко ме­сто. Освои 31.610 гла­са, најм­но­гу од по­ма­ли­те пар­тии. По нив е ВМРО- на­род­на со 16.722 гла­са.

Ше­е­сет и ед­но­го­диш­ни­от Саз­дов­ски е до­ктор на на­у­ки по ки­не­зи­о­ло­ги­ја, кој сво­ја­та на­уч­на и про­фе­сор­ска деј­ност ја ос­тва­ру­ва на Уни­вер­зи­те­тот „Св. Ки­рил и Ме­то­диј“. Имал и мно­гу ан­гаж­ма­ни во спорт­ски клу­бо­ви во Ма­ке­до­ни­ја. До не­о­дам­на бе­ше не­за­ви­сен со­вет­ник во Со­ве­тот на Оп­шти­на Ки­се­ла Во­да, а по­тоа та­му ги за­ста­пу­ва­ше ста­во­ви­те и ви­зи­и­те на ГРОМ. Тој е еден од ос­но­ва­чи­те на Гра­ѓан­ска оп­ци­ја за Ма­ке­до­ни­ја.

Во че­твр­та­та из­бор­на еди­ни­ца ВМРО-ДПМНЕ освои 12 пра­те­нич­ки ме­ста. Најм­но­гу ле­ка­ри на ли­ста­та на кан­ди­да­ти ВМРО-ДПМНЕ има во пет­та­та из­бор­на еди­ни­ца. Вле­гу­ва­ат че­тво­ри­ца ле­ка­ри – Са­шо Ва­си­лев­ски, Но­ла Ис­ма­и­лов­ска, Мом­чи­ло Авра­мов­ски и дер­ма­то­ве­не­ро­ло­гот од Де­мир Хи­сар, Со­ња Та­лев­ска.

Во из­бор­на­та еди­ни­ца шест пра­те­нич­ко ме­сто до­би ле­ка­рот, ко­му не му е прв­пат да вле­зе во Со­бра­ни­е­то, Ќе­нан Ха­си­пи, кан­ди­дат од ко­а­ли­ци­ски­те парт­не­ри на ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа ИЕ, во ко­ја но­си­тел на ли­ста­та бе­ше до­се­гаш­ни­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти, Ни­ко­ла По­по­ски, вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја освои че­ти­ри пра­те­нич­ки ме­ста. Јас­но е де­ка во оваа ИЕ свое ме­сто ќе до­бие и пет­ти­от од ли­ста­та, ле­ка­рот Али­ми Би­ла­ли.

Analiza88-2-2

СДСМ нај­а­ви не­приз­на­ва­ње на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти и вра­ќа­ње на ман­да­ти­те. Се че­ка на из­јас­ну­ва­ње на пра­те­ни­ци­те. Ана­ли­зи­рај­ќи ја ли­ста­та со ко­ја СДСМ оти­де на овие из­бо­ри, спо­ред ре­зул­та­ти­те од из­бо­ри­те што се одр­жаа на 27 април, од СДСМ во со­бра­ни­ска­та са­ла свое ме­сто тре­ба да до­би­јат двај­ца ле­ка­ри – Ја­го­да Шах­па­ска и хи­рур­гот Ален Гор­ги­ев.
Број­ка­та на ле­ка­ри оста­ну­ва ре­чи­си иста. Во пос­лед­ни­от пра­те­нич­ки со­став има­ло 16 ле­ка­ри.

Спо­ред тоа што ус­пе­ав­ме да го до­би­е­ме ка­ко ин­фор­ма­ци­ја, кај Ал­бан­ци­те во овој со­став не­ма да има ле­ка­ри. До­се­га не­кол­ку ле­ка­ри од ал­бан­ска на­ци­о­нал­ност беа актив­ни во по­ли­ти­ка­та, ка­ко на при­мер Имер Сел­ма­ни и Бу­јар Ос­ма­ни.

 

Две актер­ки пре­тен­ден­тки за пар­ла­мен­тар­ки

Две актер­ки до­би­ја ме­сто во пар­ла­мен­тот – Је­ле­на Жу­гиќ, ка­ко кан­ди­да­тка од ВМРО-ДПМНЕ и Со­фи­ја Ку­нов­ска, ка­ко кан­ди­да­тка од СДСМ. Жу­гиќ е акту­ел­на ди­ре­ктор­ка во но­во­фор­ми­ра­ни­от Те­а­тар Ко­ме­ди­ја, а Со­фи­ја Ку­нов­ска е актер­ка во Драм­ски те­а­тар.

Да­ли Со­бра­ни­е­то ќе би­де со две, ед­на или, пак, без дип­ло­ми­ра­ни акте­ри ќе зна­е­ме по ве­ри­фи­ку­ва­ње­то на ман­да­ти­те. Ку­нов­ска, до­кол­ку се ре­ши да ја по­чи­ту­ва од­лу­ка­та на СДСМ за вра­ќа­ње на ман­да­ти­те, не­ма да за­че­ко­ри на сце­на­та на­ре­че­на ма­ке­дон­ски пар­ла­мент. Пред Жу­гиќ, пак, е го­лем пре­диз­вик, да се вле­зе во Со­бра­ние или, пак, да се оста­не во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја, кој не­о­дам­на до­би и свој дом, згра­да­та на МНТ Цен­тар.

На ли­ста­та из­бра­ни пра­те­ни­ци се нај­доа и но­ви­на­ри, ка­ко на при­мер но­ви­нар­ка­та од МТВ, Љу­би­ца Бу­ра­ли­е­ва, ко­ја бе­ше на ли­ста­та на СДСМ. Но­ви­на­рот Са­фет Би­ше­вац, кој бе­ше дел од ми­на­ти­от пра­те­нич­ки со­став, и овој пат се нај­де на кан­ди­дат­ско ме­сто, но не и во ли­ста­та на тие што спо­ред ре­зул­та­ти­те од из­бо­ри­те во април вле­гу­ва­ат во Со­бра­ни­е­то. И за овие кан­ди­да­ти ва­жи исто­то – се че­ка нив­на­та из­ја­ва да­ли при­фа­ќа­ат или не ман­дат во Со­бра­ни­е­то.

Ка­ко и во­о­би­ча­е­но, во Со­бра­ни­е­то вле­гу­ва­ат најм­но­гу прав­ни­ци и еко­но­ми­сти. Но има и ар­хе­о­ло­зи – ка­ко на при­мер Ро­зе Ка­рев­ска – То­пу­зо­ва и Маг­да­ле­на Ма­на­ско­ва од ВМРО-ДПМНЕ, пси­хо­ло­зи, ка­ко Сла­ѓа­на Ми­тов­ска од вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја, по­тоа про­фе­со­ри, хе­ми­ча­ри, еле­ктро, шу­мар­ски, ма­шин­ски ин­же­не­ри, ар­хи­те­кти… На ли­ста­та се нај­де и ме­на­џер по оси­гу­ру­ва­ње, Кр­сто Му­ков­ски, биз­нис­ме­ни, фи­ло­ло­зи, фи­ло­зо­фи…

Во пос­лед­ни­от пра­те­нич­ки со­став има­ло најм­но­гу прав­ни­ци, 27, по­тоа еко­но­ми­сти, 18, 16 ле­ка­ри, 11 на­став­ни­ци, се­дум по­ли­ти­ко­ло­зи, кол­ку и пе­да­го­зи…

Сѐ уште не­ма кон­крет­ни по­да­то­ци за обра­зо­ва­ни­е­то на пра­те­ни­ци­те во но­ви­от со­став. Во ста­ри­от со­став нај­до­ми­нант­ни беа тие со ви­со­ко обра­зо­ва­ние – 87. Де­вет­на­е­сет би­ле ма­ги­стри, а 11 спе­ци­ја­ли­сти.

Analiza88-2-3

 

И же­ни­те се из­бо­ри­ја

Ма­ке­до­ни­ја ва­жи за ли­дер на Бал­ка­нот со 34 про­цен­ти или 42 же­ни во Со­бра­ние. Но тоа се од­не­су­ва за ми­на­ти­от пар­ла­мен­та­рен со­став. Сле­деј­ќи ги ли­сти­те на кан­ди­да­ти­те и из­бор­ни­те ре­зул­та­ти, го­ди­на­ва во ма­ке­дон­ско­то со­бра­ние од ли­ста­та на ВМРО-ДПМНЕ би тре­ба­ло да вле­зат 23 пра­те­нич­ки. Тоа би зна­че­ло де­ка по­ве­ќе од ед­на по­ло­ви­на од кан­ди­да­тки­те ќе до­би­јат пра­те­нич­ко ме­сто. Спо­ред се­гаш­на­та со­стој­ба на ли­ста­та во Со­бра­ни­е­то од вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја вле­гу­ва­ат 21 пра­те­нич­ка. Ед­на-две од нив ве­ро­јат­но ќе до­би­јат ми­ни­стер­ска или не­ко­ја дру­га функ­ци­ја во вла­ди­ни­те ин­сти­ту­ции. Но со по­ме­сту­ва­ње­то на ли­сти­те по­ра­ди кан­ди­да­ти­те што се на вр­вот на ли­ста­та на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја, а ќе до­би­јат функ­ции во ми­ни­стерс­тва­та и во Вла­да­та, пра­те­нич­ко ме­сто ќе до­би­јат уште че­ти­ри кан­ди­да­тки, со што ВМРО-ДПМНЕ би дош­ла до 23 пра­те­нич­ки и 38 пра­те­ни­ка. СДСМ, пак, има 12 пра­те­нич­ки на ли­ста­та на тие што, спо­ред из­бор­ни­от ре­зул­тат, тре­ба да вле­зат во Со­бра­ни­е­то. Од ДУИ за ме­сто во со­бра­ни­ска­та са­ла се из­бо­ри­ја шест кан­ди­да­тки, а од ДПА ед­на. ГРОМ и НДП осво­и­ја по ед­но пра­те­нич­ко ме­сто, а по­зи­ци­ја­та ја до­би­ја ма­жи. Тоа би зна­че­ло де­ка зем­ја­ва си ја за­др­жа­ла број­ка­та од 42 же­ни во пар­ла­мен­тот.

Analiza88-2-4

Шко­дра од уни­фор­ма на УЧК во Со­бра­ни­е­то

Мај­ка на две де­ца, близ­на­чи­ња, кои, ка­ко што са­ма рас­ка­жа за „Топ че­нал“, се ро­де­ни на раз­ли­ка од ед­на ми­ну­та… Тоа е Шко­дра­не Дар­ди­шта, но­ва­та пра­те­нич­ка што вле­гу­ва во Со­бра­ни­е­то, од пар­ти­ја­та на Али Ах­ме­ти. Ди­ре­ктор­ка на За­ед­нич­ки служ­би, во чи­ја­што над­леж­ност е одр­жу­ва­ње­то на без­бед­но­ста во по­ра­неш­ни­от Кли­нич­ки цен­тар, се из­бо­ри за пра­те­нич­ки ман­дат. Таа е учес­ник во два во­е­ни конф­ли­кта. Во Ко­со­во и во Ма­ке­до­ни­ја. На неј­зи­ни­от про­фил на „Фејс­бук“ е об­ја­ве­на фо­то­гра­фи­ја на ко­ја таа е об­ле­че­на во уни­фор­ма на УЧК. Неј­зи­но­то во­е­но име е Шко­дра. На фо­то­гра­фи­ја­та на „Фејс­бук“ е на­пра­ве­на спо­ред­ба од Дар­ди­шта во 1999 го­ди­на, об­ле­че­на во уни­фор­ма на па­ра­во­е­на­та фор­ма­ци­ја и иста­та же­на во 2014 го­ди­на ко­га вле­гу­ва во Со­бра­ни­е­то.

 

(Пишува: Билјана Зафирова
Текст објавен во 88. број на неделникот „Република“, 9.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top