| четврток, 6 декември 2018 |

„За секого има по една“ во Театар Комедија на англиски јазик

unnamed

Претставата „За секого има по една“ на македонскиот писател Венко Андоновски која се игра на сцената во Театар Комедија на 21 мај, среда ќе се прикажува со превод на англиски јазик.

Театар Комедија со помош на поддршката од Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Република македонија, во инстерес на достапноста на театарската уметност до странските државјани, туристи, диполматски корови играњето на своите претстави со англиски превод ќе го воведе во праксата на својата репертоарска полтика.

– Од досегашното искуство, присуството на странските државјани на културните настани во Македонија било најмалку забележано на театарските претстави поради јазичната бариера. Со овој чекор се надеваме дека ќе ја отстраниме таа пречка и дека странската публика ќе стане дел од нашите полни сали – се вели во соопштението од Театар Комедија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top