| четврток, 6 декември 2018 |

Автопортрет на Енди Ворхол продаден за 30 милиони долари

енди ворхол

Слика на славниот американски уметник Енди Ворхол „Шест автопортрети“ е продадена за 30 милиони долари на аукција во Њујорк, која ја организираше куќата „Сотби“.

Сликата на славниот поп-арт уметник настанала во 1986 година, една години пред смртта на Ворхол и пред одржување на аукцијата е проценета меѓу 25 и 35 милиони долари.

Делата на Ворхол моментно се многу барани меѓу колекционерите. Оваа недела неговото дело „Расни немири“ е продадено е за 63 милиони долари, а „Бела Мерлин“ за 41 милион.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top