| четврток, 6 декември 2018 |

Дела на Ворхол, Лихтенштајн, Раушенберг на „Бела Ноќ“

Со Ворхол, Лихтенштајн, Раушенберг, Чемберлејн, Веселман и Розенквист…, или „маговите на ПОП-АРТот“ како што честопати се именуваат од ликовната критика, во нашиот град ќе сме еден месец - од официјалнот почеток на 12. издание на Бела Ноќ, до 30 октомври

Во рамките на овогодишната „Бела Ноќ“ ќе се одржи поп-арт изложба со повеќе од 100 графички дела. на Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн, Роберт Раушенберг, Џон Чемберлејн, Том Веселман и Џејмс Розенквист.
Поради обемноста, но и атрактивноста на поставката, изложбата ќе биде распослана ширум градов: во Музејот на Град Скопје, Музејот на современа уметност и во Галеријата на Младинскиот кулурен центар (МКЦ).
unnamed-3
Со Ворхол, Лихтенштајн, Раушенберг, Чемберлејн, Веселман и Розенквист…, или „маговите на ПОП-АРТот“ како што честопати се именуваат од ликовната критика, во нашиот град ќе сме еден месец – од официјалнот почеток на 12. издание на Бела Ноќ, до 30 октомври.
Поп-артот е движење во уметноста чија основа се базира на рушење контрасти.  Многу критичари сметаат дека во поп-артот се најиновативните пристапи во уметноста на 20 век, особено во компарација со кубизмот, додека дел од критичарите пак, сугерираат дека не станува збор за уметност воопшто. Од една страна, поп-артот се занимава со чести, секојдневни, тривијални теми, додека од друга страна има потреба од ригорозни филозофски испитувања на условите во кои се создава уметноста, уделот на производството на самата уметност, така што сето тоа води до сериозна дискусија за крајот на модернизмот, па дури и самата уметност.
unnamed-2
Поп-артот се појавува во време кога апстрактниот експресионизам доминира во уметноста – последното големо движење, и првото кое се појавува на американска почва. Со апстрактниот експресионизам уметноста станува голем бизнис и форма на забава, додека хероите (Џексон Полок, Вилхелм Кунинг, Марк Ротко и други) се турнати да играат улоги на поп и рок-ѕвезди, кои во голем дел завршуваат трагично, како жртви на сопствениот успех. Младите поп-артисти сакале да успеат во овој контекст, но затоа морале да ризикуваат да уништат сѐ врз што се темели апстрактниот експресионизам и целата западна традиција во уметноста, и покрај фактот што на почетокот токму тоа е нивната почетна точка.
unnamed-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top