| четврток, 6 декември 2018 |

Рокот за поднесување барања за земјоделски субвенции се ближи кон крај

zemjodelstvo
Рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството истекува на 31 мај 2014 година. Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и
руралниот развој апелираат до заинтересираните земјоделци што сѐ уште не поднеле барање да се обратат во подрачната единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство, за да поднесат барање во пропишаниот рок.
Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.
Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top