Фудбалерот на Монако Радамел Фалкао изјави дека се надева дека неговиот поранешен тим Атлетико Мадрид ќе ја освои титулата во Лигата на шампиони.
– Реал и Атлетико имаат еднакви шанси за победа. Тоа ќе биде голем натпревар и ќе се разликува од сите други бидејќи се работи за финале. Би сакал да победи Атлетико. Имам голема почит за клубот, поради тоа што го доживеав таму – изјави Фалкао.
Фалкао минатото лето го напушти Атлетико по две сезони поминати таму и се пресели во Монако, но од јануари е надвор од теренот поради повреда на коленото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.