Следната сезона тимот на Манчестер јунајтед ќе загуби 30 милиони фунти затоа што не обезбеди пласман во Лигата на шампиони.
„Црвените ѓаволи“, кои го освоиле елитното натпреварување во 1999 и во 2008 година, ја завршија сезоната на седмото место во Премиерлигата, што претставува најлош пласман од 1990 година.
– Се фокусираме само на ангажирањето нов менаџер. Клубот е во здрава позиција за инвестирање во тимот – изјавил потпретседателот на Јунајтед, Ед Вудворд, кој потврди дека ќе бидат покуси за 30 милиони фунти поради неучеството во Лигата на шампионите.
Се очекува до крајот на неделава тимот од „Олд трафорд“ да го промовира Луј ван Гал во нов тренер. Најверојатно тоа ќе се случи в недела откако Холандија еден ден претходно ќе го одигра пријателскиот меч против Еквадор во Амстердам.
Потпретседателот на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд, воедно изјави дека тимот ќе биде прилично активен во преодниот рок, но не откри други детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.