Најновите откритија на експертите укажуваат дека внесувањето доволно количество вода може да превенира и да спречи некои болести. На тој начин, на пример, може да се спречи формирање камења и инфекции на уринарниот тракт, па дури и формирање рак на мочниот меур.
Камења во бубрезите
Зголемено консумирање течности го намалува ризикот од повторна појава на камења, преку избегнување создавање концентрирана урина. Овој ризик се намалува за 50 отсто преку внесувањето повеќе од два литра течност дневно.
Инфекции на уринарниот тракт
Постојат некои докази дека недоволно консумирање течности може да предизвика зголемен ризик од инфекции на уринарниот тракт. Од друга страна, зголеменото внесување течности доведува до намалување на концентрацијата на бактерии во урината, испирање на слузницата во мочниот тракт и намалување на густината и киселоста на урината. Сепак, ова сѐ уште не е потврдено во експериментални и клинички студии.
Рак на мочниот меур
Овој рак по зачестеност се наоѓа на петто место. Главни фактори на ризик за неговиот развој се пушењето и изложеноста на различни хемикалии. Подобрена консумација на течности може да доведе до намалување на концентрацијата на канцерогени супстанци и нивно ефикасно испирање. Особено висок ризик од појава на рак на мочниот меур имаат пушачите кои недоволно пијат течности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.