Најгледаниот и најпосакуваниот медиумско музички културен настан „Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи вечерва во 21 часот во Универзална сала.
Манифестацијата која на свој начин го обединува целиот интелектуален, политички , бизнис и културен свет се подготвува во весела атмосфера во штабот на популарното скопско „Радио бубамара.
Оваа година бубамарковци во свој препознатлив сатиричен стил истакнуваат дека пред сите ќе даваат отчет за сработеното и дека овогодишното сценарио, кое како и секогаш се чува во најстрога тајност е полно со аплаузи и незаборовни рефрени, за избистрување на мислата, просветлување на духот и облагодорување на душата.
Вечерва ќе бидат наградени најпопуларните личности и институции од областа на културата , естрадата , медиумите, маркетнигот и спортот од Македонија и Балканот , а ќе продолжи и традицијата со доделување награда до нејзаслужните опшествено одговорни компании. До тогаш останува да се потсетиме на сите незаборавни моменти од манифестацијата која го носи епитетот за најпрестижна награда и најзабавна на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



