Не се чувствувам виновен, бидејќи сум убеден дека поминав на зелено светло на семафорот. Вака 26-годишниот Љубомир Видојковиќ денеска сведочеше во скопскиот Кривичен суд, каде започна судскиот процес против него. Во април минатата година, Вујовиќ ја прегази дваесетгодишната студентка од Крива Паланка, Фросина Цекоска на пешачки премин кај Универзална сала, а потоа избега со својата „хонда”.
Во воведните зборови, Обвинителството побара осудителна пресуда, додека одбраната тврди дека Видојковиќ минал на зелено светло за што имало видеоснимки од безбедносните камери кои се уште не ги добиле.
Обвинетиот пак, пред судскиот совет, со кој претседава судијата Илија Трпков, изјави дека не се чувствува виновен.
Во текот на рочиштето беше потврдено дека возилото со коешто се случи сообраќајката било во сопственост на другар на Љубиша, Сашо Баланчевски кој заедно со Љубиша и уште двајца нивни другари после работа заминале на ручек каде консумирале алкохол. По ручекот ги замениле возилата.
Љубиша се качил на возачкото седиште од пред ГУЦ „Здравко Цветковски“ и се тргнале кон кон Центар а Баланчевски се сеќава дека на еден семафор тој застанал на црвено, а потоа ги фатил таканарачен зелен бран. Возеле во средната лента, но пред нив имало возило коешто било побавно и се престроиле во левата лента. Кога стигнале на пешачкиот премин кај Универзална сала, каде што се случи несреќата почувствувале силен удар на предната десна страна на возилото.Од ударот, се скршила и предната и задната шофершајбна на возилото, ситни парчиња стакло паѓале на нивните лица, а лицето на Беланчевски било цело со крв.
– Љубиша подзастана малку, се свртевме назад, Љубиша се исплаши кога ме виде цел крвав и рече дека ќе ме носи во болница. Додека возевме кон Центар му реков дека не е битно тоа што сум јас исечен бидејќи знаев дека сме направиле поголема беља, рече Баланчевски.
Потоа се вратиле кон населбата Ѓорче Петров каде што живее Баланчевски. Возилото го оставиле во дворот од куќата на Баланчевски и двајцата заминале во полициската станица во Ѓорче Петров. Според обвинителниот акт Видојковиќ кој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и кривично дело, неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода имал 1,23 промили алкохол во крвта.
Семејството на Фросина, се сомнева дека Видојковиќ е возачот кој ја прегазил нивната ќерка. Таткото, Љупчо Цековски и претходно тврдеше дека папиларните линии од отпечатоците на воланот не се совпаѓале со папиларните линии на отпечатоците обвинетиот.
Фото: Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.