| четврток, 6 декември 2018 |

Богата програма во Музеј на Град Скопје за Денот на музеите

На 18 мај – Меѓународниот ден на музеите, Музејот на Град Скопје ќе го означи со повеќе активности.

По  тој повод, денеска во 11. 30 часот во просториите на Музеј на град Скопје ќе се доделуваат благодарници на институции и поединци што донираа или зајмија предмети, со чијашто помош се реализира изложбата, поставена по повод  50-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 26 јули 1963 година. Исто така, во соработка со  Сеизмолошката  опсерваторија Скопје ќе се одржат предавања на тема земјотреси.

В недела, на  18 мај 2013 година, Музејот на град Скопје ќе  биде отворен за сите посетители што ќе изразат желба  да се дел од едукативната програма што ја подготвивме – Отворен музеј на тема „Музејот за децата – децата за музејот“, Музејско – едукативните работилници, кои ќе се одржуваат од 9.00 – 13.00 часот

Покрај работилниците на кои децата ќе можат креативно да се изразат преку цртежот, глината , колажот , ќе  имаат можат да  погледнат и проекции на краткометражни документарни филмови со теми поврзани за Скопје и земјотресот од 1963 година, како и железничката станица. Филмовите се добиени по пат на соработка на Музејот со Кинотеката на Македонија .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top